Додади коментар

УСТАВНО ПРАВО

УСТАВНО ПРАВО

1300,00 ден.
Шифра на производ: 7400228

Достапност:  залиха

Kоличина

Во кошничка

Автори: Рената Тренеска Дескоска Марика Ристовска Јелена Трајковска-Христовска Оваа книга претставува оригинален текст во кој авторките на јасен, прегледен, прифатлив и разбирлив начин ги обработуваат категориите и институтите на уставноправната материја. Текстот е особено препорачлив за читатели кои прв пат се сретнуваат со оваа материја. Тоа што го прави ракописот лесно читлив за студентите и пошироката публика, а не само за научната јавност, е неговата конзистентна структура, научна прегледност, јасен и разбирлив јазик. Аналитичниот и критичен пристап во анализата на прашањата од уставноправната материја, нивното прегледно, логично и кохерентно презентирање, претставува вистинско освежување во научната мисла. Со критичкиот осврт на нормите на домашниот уставноправен систем, низ призмата на усвоените стандарди, но и од аспект на нивната (не)реализација, укажувајќи на потребата од нивна промена, односно прецизирање и поуспешно уредување, овој ракопис добива особена вредност и е корисно четиво за секој креатор на политики во рамките на законодавната, извршната и судската власт. проф. д-р Наташа Габер Дамјановска Во овој ракопис е дадено прагматично видување и критика на уставноправниот систем на Република Северна Македонија, што го прави особено значајно четиво за оние кои се одговорни за градењето на системот на владеењето на правото во оваа земја. Во ракописот се исклучително успешно поврзани теоријата и практиката на уставното право, при што на еден методолошки втемелен начин се поставени истражувачките проблеми, со чие расчленување се доаѓа до практични резултати, кои се теоретски поткрепени и втемелени со користените истражувачки методи. Станува збор за ракопис кој е обемен, методолошки и теоретски втемелен, добро систематизиран, логично изграден и како таков, тоа е изворен научен труд кој дава значаен придонес за развојот на уставноправната наука. Издавањето на овој учебник е од големо значење, како за студентите, така и за научната, стручната и пошироката јавност. Оттука, со особено задоволство го препорачувам... проф. д-р Ѓорѓе Гардашевиќ 170 x 240 mm 912 страници Тврд повез

Останати производи од оваа група

Во кошничка

190,00 ден.
Во кошничка

400,00 ден.
Во кошничка

500,00 ден.
Во кошничка

500,00 ден.
Во кошничка

360,00 ден.

Прегледани производи

logofooter
  • „Димитрие Чуповски“, бр. 15, Поштенски фах 6, 1000 Скопје
  • Тел. + 389 (0) 2 3117 255;
    Факс. + (0) 2 3220 373
  • Комерција: goran.dukoski@yahoo.com

Продажни места