Радован П. Цветковски, коментира:
„...Тука е и оној миг од допирот на смртта со детството. Тука за поетот е животот, стравот, светлината. Наспроти радоста е мигновената илузија за стравот. Сѐ во еден висок стилски редослед, како да разговараме со поетот, доизнесувајќи ја глетката или сликата, живата слика за зборот судбина. Сето тоа се дооформува со значењето на илузијата, заблудата, автоканибализмот, скромноста и монолозите. Ѕвечи фигуративноста, зборот во монологот, обојувајќи го душевно да се слуша што трепери пламнат како да е жив. Ова е линија што го поставува ‘рбетот на стихот и на поетската книга. Паралелно со ваквата линија е и стилот како семе со своја бразда.“