Книжевно – поетската работилница именувана „Јас, ти и Скопје”е создадена со цел да се пренесат книжевните знаења на тројца млади реномирани поети, Филип Клетников, Ирена Јурчева и Стефан Марковски , во својство на ментори на младите од средните училишта на град Скопје кои имаат афинитети кон креативното пишување и да се откријат нови и млади таленти.
Од работната и пријатна атмосфера на работилниците произлегоа автентични и оригинални творби кои навистина заслужија да најдат свое место во овој алманах.