ПОСВОЈУВАЊЕТО НЕ Е ТАЈНА....ПОМИСЛУВАМ НА МЕДАЛ!

Додади коментар

ПОСВОЈУВАЊЕТО НЕ Е ТАЈНА....ПОМИСЛУВАМ НА МЕДАЛ!

ПОСВОЈУВАЊЕТО НЕ Е ТАЈНА....ПОМИСЛУВАМ НА МЕДАЛ!

295,00 ден.
236,00 ден.
Шифра на производ: 7600842

Достапност:  залиха

Kоличина

Во кошничка

Колку топла детска приказна. Едноставно, ги плени срцата и на децата, и на возрасните. Браво за нашите автори Елизабета Петровиќ и Билјана Николоска! Ова е втора книга од нив што ме освојува со инспиративната приказна и стилот на пишување адаптиран за сите деца, па и за вкусот на нас возрасните. Имено, станува збор за мечињата Мила и Добре, кои се вљубуваат, склучуваат брак и посакуваат да создадат свое семејство. Добриот Добре кога бил мал, на сите свои другарчиња мечиња со задоволство им ги поправал играчките. Па, така, сега со задоволство на своето идно дете му изработува дрвено креветче и мебел за играчките во новата куќа со цветна градина каде што се преселија со милата му сопруга Мила. Но, времето минуваше, а Добре и Мила сè повеќе го засакуваа нивното замислено дете. Така, еден ден решија да го посетат доктор Здравевски. Докторот откако ги разгледа резултатите, им објасни дека мечето што толку многу го посакуваат, можеби никогаш нема да се роди од утробата на Мила. Затоа тој им ја даде адресата на „Домот за мечиња“ за да си го најдат таму мечето што толку многу го сакаа во нивните соништа. И погодете што? По некое време, откако завршија сите потребни работи за посвојување, малиот Љубен стана дел од семејството. Љубен беше многу сакан и љубен, но истовремено и многу збунет. Затоа, Добре и Мила решија да се посоветуваат со психологот Мира за Љубен да се чувствува сакано, безбедно и сигурно во новиот дом, за да биде меѓу свои. „Кога порасна доволно голем, кога веќе стана умно мало мече кое може да ги разбере сите работи што полека му ги раскажуваат тато и мама, Добре и Мила му ја раскажаа оваа приказна.“ Првиот дел од приказната е за мечињата, а вториот за дечињата. За дечињата ви пуштам една слика од последната страница која има среќен крај, а останатото ќе си го прочитате заедно со вашите дечиња мечиња, внучиња мечиња или пријателчиња мечиња. „Во среќните семејства нема тајни. Посвојувањето не е тајна.“

Издавач

Просветно Дело

Останати производи од оваа група

Во кошничка

350,00 ден.
280,00 ден.
Во кошничка

150,00 ден.
120,00 ден.
Во кошничка

350,00 ден.
280,00 ден.
Во кошничка

250,00 ден.
200,00 ден.
Во кошничка

390,00 ден.
312,00 ден.

Прегледани производи

logofooter
  • „Димитрие Чуповски“, бр. 15, Поштенски фах 6, 1000 Скопје
  • Тел. + 389 (0) 2 3117 255;
    Факс. + (0) 2 3220 373
  • Комерција: goran.dukoski@yahoo.com

Продажни места