Уште со самиот наслов на книгата „ Време за љубов” и со посветата го откриваме благородниот, хуман и благонаклон повик на авторската за себенаоѓање и духовно прочистување во спокојните звуци на чистата негибната природа ( во Маврово) и во инспиративното огласување на говорот на акордите на музиката.
Оттаму , од страница по страница среќаваме преплетување на нијансирани доживувања на лирски идилични описи на просторот и природата и разбрануваните емотивни возбуди ( и илузорни и реални!) на лучностите: Марија, Ива, Филип, Елиза и Мартин.
Приказната се одвива лесно, читливо, веродостојно, сликовито, лирски обоено, без остри резови, со повремени патоказни сентенции за вредностите на животот, за напливите на осамата, за опстојувањето на убавото, продуховеното, творечко, чистото, на минливоста на недоволно достоинственото пред немоќта да му се спротивстави на копнежот...