Фолко е сиромашно момче кое живеело со својот дедо и помалиот брат. Тој обожавал да се шета покрај мочуриштето и да ја разгледува природата. Еден ден додека така лутал, забележал еден мал бел коњ. Коњот побегнал, а Фолко потрчал по него довикувајќи го со името Бела Грива. Знаел дека тоа е вистинско име за него и знаел дека тие двајца ќе станат пријатели.