Весела азбука е ново, весело, дизајнерски разиграно издание на Просветно дело. Концептот е изучување на азбуката на лесен и едноставен начин. Учењето секогаш е поедноставно преку игра и забава, па затоа во прилог е дадена по една строфа што е асоцијација на буквата, можност за вметнување на буквата во празен простор, или да се погоди буквата според слика.
Тоа е интересно за децата, забавно и навистина резултатот е одличен за кратко време. Тоа е впрочем и целта на ова издание.
"Весела азбука - Пишуваме печатни букви" е одобрено од Министерство за образование и наука, со решение УП1 бр. 12-963, со кое се дава согласност за употреба во настава, врз основа на позитивното мислење на Бирото за развој на образование.