Изданието „Изработки“ претставува интерактивно издание за деца кое содржи чекори како детето со помош на картонски ролни да изработи животни од фармата. Така, ќе научи кои се животните од фармата, ќе научи да следи лесни и јасни инструкции, а на крајот ќе се гордее со својот постигнат успех! Со изработените животни ќе си го украси домот и забавата може да продолжи! Детската фантазија е неограничена така што детето ќе има можност да смислува различни игри со помош на изработените животни!
Забавен и лесен начин со готови делови и лепенки!