„Доктор Офболи” е една од најчитаните детски книги. Тоа е класична сказна помеѓу доброто и злото, во која, се разбира дека ќе победи доброто.
На брегот на морето, цела во зеленило се наоѓа куќичката на Офболи- докторот кој ги лекува животните и птиците. Со него живее неговата лоша сеста Варвара, а соседи му се девојчето Тања, и момчето Вања. Пред куќата на Офболи секогаш е живо- се собираат неговите пациенти- животните и птиците.
Изданието е изборна лектира за трето одделение.