За што служи таткото? Која е новата улога што од него ја очекуваат неговата брачна другарка и општеството? Кои се проблематиките и психолошките и практичните пресврти што го притискаат мажот во мигот кога станува татко? Како да се заштити брачниот живот од неизбежните промени на чувства, улоги и простори што ги предизвикува новата рожба? Како се менуваат семејните односи? Со кои научни и институционални можности располага стерилна брачна двојка што посакува дете? Како е најдобро да се однесуваме во случај на разделба или развод?
На овие и на уште многу други прашања одговара Ана Оливерио Ферарис, поддржана од долгогодишна специјална професионалност, во соработка со педијатарот Паоло Сарти.