На страниците на оваа книга раскажана е приказната за создавањето на македонската средновековна културна ризница, за уметничките дела израснати од плодните прегратки на христијанската традиција, за творбите кои триумфирале врз безмилосните бездни на уништувањето и непостојноста, за творечките патешествија на неимарите и фрескописците, на иконографите и иконотворците.