Ова е книга за личностите кои оставиле белег во изминатиот милениум. Ова е елегантен, фактографски приказ на благородните и озогласените, на нивните достигнувања и наследство што му го оставиле на човештвото. Покрај основните биографски податоци, во кои се наведува каде живееле, кога живееле, нивната работа и нивните достигнувања, книгата изобилува со дополнителни информации и интересни детали за овие исклучителни личности. Со извонредно вклопените илустрации и слики, оваа книга дава единствен приказ за животот на добрите и големите, славните и злогласните, и претставува извор на едукација и забава за целото семејство.