БЕСТСЕЛЕР БРОЈ ЕДЕН НА „ЊУЈОРК ТАЈМС“ Мемоари на основачот на „НАЈК“ ФИЛ НАЈТ

Додади коментар

БЕСТСЕЛЕР БРОЈ ЕДЕН НА „ЊУЈОРК ТАЈМС“ Мемоари на основачот на „НАЈК“ ФИЛ НАЈТ

БЕСТСЕЛЕР БРОЈ ЕДЕН НА „ЊУЈОРК ТАЈМС“ Мемоари на основачот на „НАЈК“ ФИЛ НАЈТ

490,00 ден.
Шифра на производ: 7600871

Достапност:  залиха

Kоличина

Во кошничка
Достапност во книжари
01 Online продавница
Бр.1 Скопје , Центар
Бр.2 Скопје , Центар
Бр. 3 Прилеп
Бр. 4 Скопје, Влае
Бр. 6 Струмица
Бр. 7 Скопје, Аеродром
Бр. 10 Скопје, Џевахир мол
Бр. 12 Штип
Бр. 13 Охрид
Бр. 14 Битола
Бр. 17 Струга
Бр. 19 Струмица
Бр. 20 Кичево
Бр. 21 Скопје, Сити мол
Бр. 23 Скопје, Дајмонт мол
Бр. 26 Охрид
Бр. 27 Скопје, Аеродром
Бр. 28 Скопје, Капиштец
Бр. 31 Скопје, Тафталиџе
Бр.32 Скопје, Ист Гате

МЛАД, ПОСТОЈАНО ЉУБОПИТЕН, само што дипломирал на факултет за бизнис, Фил Најт позајмил педесет долари од татко си и основал компанија, со една единствена мисија: увоз на квалитетни и евтини патики од Јапонија. Таа прва (1964) година, Најт продавал патики од багажникот на својот плимут валијант и заработил вкупно осум илјади долари. Денес, вредноста на продажбата што ја остварува „Најк“ на годишно ниво е над 30 милијарди долари. Во денешнава доба на мали фирми со нови идеи и поттици, Најтовиот „Најк“ претставува златен стандард, а неговиот заштитен знак, „крилото“, е повеќе од само обично лого; симбол на смелост и на величина, „крилото на Најк“ е една од малкуте икони кои веднаш се препознаваат насекаде во светот. Но Најт, човекот кој стои зад тоа „крило“, отсекогаш бил мистерија. Сега, конечно, самиот ја раскажува својата приказна, во мемоари кои истовремено се изненадувачки, скромни, непосредни, полни хумор, и прекрасно напишани. Целата приказна почнува со класичен момент кога се стои на крстопат и се размислува по кој пат да се тргне. На дваесет и четири години, додека со ранецот на грб патува низ Азија, Европа и низ Африка, а истовремено се труди да најде одговор на големите животни прашања, Најт заклучува дека негов единствен животен пат ќе биде оној неконвенционалниот. Наместо да работи за некоја голема корпорација, ќе си создаде нешто свое; нешто ново, динамично, поинакво. Најт детално ги опишува застрашувачките ризици на кои наидувал на овој пат, огромните пречки, немилосрдните конкуренти, безбројните луѓе кои се сомневале и кои го мразеле, непријателски настроените банкари – но, ги опишува и своите бројни восхитувачки триумфи и избегнувања опасности „за влакно“. Над сè, си спомнува за оние основни врски кои ги создале срцето и душата на „Најк“: со неговиот поранешен тренер по атлетика, темпераментниот и харизматичен Бил Бауерман, како и со неговите први вработени, разновидна група млади луѓе со големи познавања, невклопени во своите средини, кои набргу станале сложна група тотални занесеници по „Крилото“. Заедно, со помош на силно поттикнувачката моќ на една смела визија, со помош на едно заедничко верување во спасителната, преобразувачка моќ што ја има спортот, овие луѓе создале бренд, создале една култура која променила сè. Еден од највлијателните големи бизнисмени, ФИЛ НАЈТ, е основач на „Најк, Инк.“. Генерален директор на таа компанија бил од 1964 до 2004 година, а претседател на нејзиниот управен одбор, до 2016 година. Живее во Орегон со сопругата Пени. „Уметност на победата е одлична американска приказна која зборува за среќната околност, за цврстината на карактерот, за снаодливоста и за волшебната алхемија што ја изведуваат неколкумина ексцентрични луѓе кои се здружуваат за да го изградат Најк. Просто е чудо што сето ова воопшто и се случило бидејќи од книгава дознав дека иако како нација поддржуваме лична иницијативност во деловното работење, одлични сме и кога треба некому да му го попречуваме патот. Фил Најт пласира драгоцени лекции за претприемаштвото и за пречките со кои се соочува секој кој се обидува да создаде нешто. Не можам сега да ги спомнувам сите страници во книгава што посебно ги обележав за повторно да им се навратам подоцна; ги има премногу.“ ЕЈБРАХАМ ВЕРГЕЗЕ, автор на бестселерот на Њујорк тајмс, „Чесни лекари“

Издавач

Просветно Дело

Останати производи од оваа група

Во кошничка

495,00 ден.
Во кошничка

250,00 ден.
Во кошничка

250,00 ден.
Во кошничка

490,00 ден.
Во кошничка

450,00 ден.

Прегледани производи

logofooter
  • „Димитрие Чуповски“, бр. 15, Поштенски фах 6, 1000 Скопје
  • Тел. + 389 (0) 2 3117 255;
    Факс. + (0) 2 3220 373
  • Комерција: goran.dukoski@yahoo.com

Продажни места