Ти раскажувам приказна

Додади коментар

Ти раскажувам приказна

Ти раскажувам приказна

350,00 ден.
Шифра на производ: 7500041

Достапност:  залиха

Kоличина

Во кошничка

Прирачникот „Ти раскажувам приказна“ е наменет за деца на возраст од 2 до 3 години, со можност да го користат и деца на поголема возраст. Концепциската идеја врз основа на која се креираше овој прирачник е дека приказните се првите детски книги кои имаат огромно влијание врз детската личност. Децата ги сакаат приказните, и затоа одлучивме прирачникот да биде во вид на приказна преку која ќе постигнеме воспитно-образовни цели во согласност со Програмата за воспитно-образовна дејност во предучилишното воспитание и образование. Одбраните ликови на животните се интересни, допадливи, анимирани и на креативен и интерактивен начин го водат детето низ содржините. Разновидните теми, кои се нудат за децата, претставуваат инспирација за сознавање, откривање, истражување, размислување. Начинот на нивното претставување дава можност за различни пристапи на учење. Интересно е што во прирачникот се наоѓаат извонредни илустрации кои ги зајакнуваат вештините на децата и ги поттикнуваат на активности за откривање на значењето на текстот преку еден поинаков контекст – сликата. Заедничките активности со децата поттикнуваат дијалог и можност за поставување прашања кои им помагаат на децата да спознаваат различни теми и светови. Периодот на раниот детски развој е период во кој децата треба да стекнат одредени навики, а доколку и возрасните го прават тоа со нив, овој прирачник е одлична можност заеднички да се чита, да се разговара, да се развива нивната фантазија, да се стекнуваат нови знаења и да се збогатува нивниот речник. За таа цел, би сакале содржините објавени во овој прирачник да бидат поттик за сите деца, но и за воспитувачите, за родителите и за возрасните, со желба да се создадат уште многу нови интересни содржини за деца. Прирачникот се состои и од дополнителен работен дел во кој се понудени дополнителни активности. Мек повез 64 страници + 19 страници книга со активности Димензии: 240x250 mm

Останати производи од оваа група

Во кошничка

310,00 ден.
Во кошничка

220,00 ден.
Во кошничка

310,00 ден.
Во кошничка

120,00 ден.
Во кошничка

120,00 ден.

Прегледани производи

logofooter
  • „Димитрие Чуповски“, бр. 15, Поштенски фах 6, 1000 Скопје
  • Тел. + 389 (0) 2 3117 255;
    Факс. + (0) 2 3220 373
  • Комерција: goran.dukoski@yahoo.com

Продажни места