Општи услови и политика за заштита на лични податоци

 

Со самиот пристап на интернет страницата на Просветно дело и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Просветно дело ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

 

  1. I.  ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика на приватност го уредува односот помеѓу ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ (во понатамошниот текст “ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје”, “Контролорот”, “Компанијата” или “ние”) како Контролор и корисникот на веб страницата www.prosvetnodelo.com.mk (во понатамошниот текст “корисникот” или “Вие”) како субјект на субјект на лични податоци. Воедно, со оваа политика на приватност, ние ја исполнуваме нашата обврска за доставување на информации, предвидена во член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци

Правото на приватност и заштита на личните податоци претставува наш приоритет и обврска. Секој купувач при регистрација и купување изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Информациите кои нам ни се потребни се:  Име и презиме, e-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.
Сите вработени во нашата компанија се обврзуваат да ги чуваат личните податоци и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивна обработка.

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин: 

  1. Видови на податоци кои ние ги собираме
  2. Процес на регистрација и најава
  3. Како ги собираме личните податоци
  4. За кои цели ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје ги користи податоците
  5. Како ги чуваме и колку долго ги чуваме на личните податоци
    5.1  Безбедност на податоците
    5.2  Политика за заштита на доверливите податоци и информации
    5.3  Рок на чување на личните податоци
  6. Пренос на лични податоци
  7. Маркетинг
  8. Пристап и промена на Вашите податоци
  9. Социјални мрежи

10. Приватност на трети страни
11. Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица)
12. Кои се Вашите права во врска заштитата на личните податоци
13. Обработувачи на лични податоци
14. Користење на алатка reCAPTCHA
15. Користење на веб форма за контакт
16. Промена на политиката за приватност
17. Како да го контактирате ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје
18. Како да ја контактирате Агенцијата за заштита на личните податоци

1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници — Лични податоци и Нелични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Лични податоци се податоци кои идентификуваат или можат да идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на нашата веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или друга услуга од нас, Вие внесувате Ваши лични податоци. Во зависност од активноста податоците се задолжителни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. Кои видови на лични податоци ги собираме зависи од природата на Вашето барање, а меѓу другото, собираме: име и презиме, E-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.

Ние ги користиме личните податоци исклучиво за целта за која ни ги давате, имено за реализација на самата нарачка и постапување по Вашите барања. Доколку добиеме Ваша дополнителна согласност, личните податоци можеме да ги искористиме за маркетинг и промотивни цели, за да го подобриме работењето на веб-страницата, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.

НЕЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Нелични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Ние, и/или нашите овластени трети странки - бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки.

2. ПРОЦЕС НА РЕГИСТРАЦИЈА, НАЈАВА И КУПУВАЊЕ

На веб страницата на ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ за да се нарача производ, корисникот треба да се регистрира, при што е потребно да се внесат: име, презиме, лозинка (со најмалку 8 карактери) и е-маил адреса. По внесувањето на овие податоци, пред копчето “Регистрирај се” или “Откажи” се наоѓаат две полиња за штиклирање:

1. “Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ги прифаќам општите услови и политика на заштита на личните податоци на ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ објавени овде.”

2. “Изјавувам дека сум согласен да бидам известуван за сите новости, актуелности и промотивни активности на е-маил адресата дадена при регистрацијата”

3. “Изјавувам дека сум согласен, информиран и ги прифаќам правилата за собирање, обработка и чување на личните податоци преку алатката ReCAPTCHA на Google LLC. Правилата за собирање преку оваа алатка се достапни овде и овде

Процесот на регистрација не може да заврши, доколку корисникот не го штиклира првото поле, односно не се согласи со општите услови и политика на заштита на личните податоци на ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ и дека е согласен со правилата за обработка на лични податоци преку алатката ReCAPTCHA на Google LLC.

По штиклирањето на третото поле, ќе се појави формата од алатката ReCAPTCHA на Google LLC, каде што има поле за штиклирање дека изјавувате дека не сте робот.

Доколку корисникот не се согласува со општите услови и со правилата за обработка на лични податоци преку алатката ReCAPTCHA на Google LLC, како и доколку не го штиклира полето дека не е робот, тој не може да биде регистриран и не може да ги користи услугите достапни на веб страницата.

Во процесот на најава, регистрираниот корисник внесува е-маил адреса и лозинка.

Во процесот на купување на производи, потребно е да се внесат: име, презиме, телефон, факс (незадолжително), компанија, адреса, општина, место и поштенски код. По внесувањето на овие податоци се појавува опција за одбирање на постоечката адреса или можност за внесување на нова адреса. Потоа може да се одбере начин на плаќање: “картичка” или “плаќање на врата”. Доколку се одбере плаќање со картичка, корисникот се пренасочува кон веб страницата на Интернационален Картичен систем АД Скопје Casys: www.cpay.com.mk, каде што е потребно да се внесат: име и презиме, број на картичка, CVV2/CVC2, рок на важност, износ, опис, инфо.

3. КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вие директно ни ги давате Вашите лични податоци преку пополнување на соодветни формулари на нашата веб-страница, односно ние обработуваме исклучиво лични податоци добиени од Вас, како субјект на лични податоци. Вие имате целосна контрола врз Вашите лични податоци кои ни ги давате и можете во секое време да ги проверите, менувате, бришете Вашите лични податоци преку нашата веб-страница.

Ние не ги собираме Вашите лични податоци од други извори, односно не обработуваме лични податоци кои не се добиени од Вас како субјект на личните податоци.

4. ЦЕЛИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство, Вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје ја има со вас.

(а) Промотивни е-маил пораки (Newsletter)

Доколку при регистрација имате дадено согласност да бидете известувани за сите новости, актуелности и промотивни активности, тогаш на Вашата е-маил адреса ќе добивате вакви известувања. Доколку не сакате да бидете дел од вакви известувања имате можност да кликнете Unsubscribe во мејл пораката.

  1. При регистрација има поле за штиклирање со следниот текст:

“Изјавувам дека сум запознат, се согласувам и ги прифаќам општите услови и политика на заштита на личните податоци на ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ објавени овде.”

  1. При регистрација има поле за штиклирање со следниот текст:

“Изјавувам дека сум согласен да бидам известуван за сите новости, актуелности и промотивни активности на е-маил адресата дадена при регистрацијата" 

б) Грижа на корисници

Интеракцијата помеѓу ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје и Вашиот профил на социјалните мрежи се реализира исклучиво доколку самите изразите желба да стапите во контакт со нас преку Месинџер чет достапен на нашата веб страница. ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје се обврзува да Ви одговори на сите ваши прашања и нејаснотии, но нема да ги користи за промотивни или други какви било цели освен за обезбедување на потребната помош и информација со цел грижа на своите корисници.

Собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци се обработуваат со цел:

  • регистрација и најава на корисникот;
  • реализација на Вашата нарачка;
  • постапување по Вашите барања;
  • работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт;
  • да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување; 
  • да Ви одговараме на Ваши барања и прашања;
  • анализа и спроведување на истражувања;
  • да комуницираме и Ве информираме за дополнителни работи ;
  • да Ви испраќаме известувања, актуелности и промотивни активности.

5. КАКО ГИ ЧУВАМЕ И КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

5.1. безбедноста на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни технички и организациски мерки со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. 

Вашите податоци се чуваат на безбедни сервери кои се наоѓаат во Р. С. Македонија, во сопственост на СЕМОС ДОО Скопје. Ние се имаме осигурано дека ова Друштво, како обработувач, презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци кои се наоѓаат на нивните сервери и постапува во целост согласно Законот за заштита на личните податоци.

Вашата врска со нашиот сајт е безбедна, при што се користи TLS криптографски протокол и соодветен метод на енкрипција.

Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка, не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Комерцијална банка АД Скопје која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на  Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето име и презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати податоци се енкриптирани

5.2 политика за заштита на доверливите податоци и информации

ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.

5.3 рок на чување на личните податоци            

Лични податоци од Вашиот кориснички профил се чуваат сѐ додека постои Вашиот кориснички профил. Доколку сакате да го избришете Вашиот кориснички профил, тоа можете да го сторите во секое време преку панелот за корисници на нашата веб страница.

При бришење на Вашиот кориснички профил, неповратно се бришат Вашите лични податоци од активните системи (live systems), па затоа нема да добивате известувања од нас и нема да можете да ги користите услугите преку нашата веб страницата.

Нарачките кои сте ги направиле преку Вашиот кориснички профил се чуваат 5 години, сметано од денот на бришење на Вашиот кориснички профил.

Личните податоци од корисничкиот профил, заедно со датумот на создавање на корисничкиот профил и датумот на бришење на корисничкиот профил се чуваат 5 години, сметано од денот на бришење на Вашиот кориснички профил.

Личните податоци за претплатниците од промотивни е-маил пораки (Newsletter) се чуваат сѐ додека претплатникот не се одјави од услугата.

Личните податоци од видео надзорот се чуваат 30 дена од снимањето видео запис во нашите трговски објекти.

Апликација за вработување од кандидат заедно со пропратни документи се чува сѐ до избор на кандидат за вработување на тој конкурс.

Личните податоци внесени со користење на “Формата за контакт” се чуваат 3 години од решавање на барањето.

Личните податоци од лојалти/бонус картичките се чуваат 3 години, сметано од денот кога корисникот поднел барање за деактивација на картичката.

Документите од областа на работните односи, облигационите односи, финансиско и материјално работење се чуваат согласно роковите предвидени во соодветниот Закон.

По истекот на роковите на чување на личните податоци, истите неповратно се уништуваат со безбедно електронско бришење, согласно политиката за начинот на бришење на документи.

6. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ не врши пренос на вашите лични податоци надвор од Р. С. Македонија.

7. МАРКЕТИНГ

ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ врши директен маркетинг, на начин што на корисниците кои при регистрација дале согласност, им испраќа известувања за сите новости, актуелности и промотивни активности, на нивната е-маил адреса.

Во секое време можете да ни забраните да Ве конткатираме за цели на директен меркетинг, на начин што ќе ја повлечете согласноста за директен маркетинг преку пополнување на Образец за повлекување на согласност на субјектот на податоците, или пак преку опцијата Unsubscribe (одјава) во е-маил пораката.

Во секое време можете повторно да ја дадете Вашата согласност за директен маркетинг преку внесување на Вашата е-маил адреса во полето “ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ ЗА НАШИОТ E-MAIL БИЛТЕН” достапно на нашата веб страница.

8. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И БРИШЕЊЕ НА ПРОФИЛОТ

Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Лични податоци”. 

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат.

Доколку сакате да го избришете профилот тоа може да го сторите со логирање на Вашиот профил, преку секцијата „Лични податоци“ па со едноставен клик на полето „Избриши го мојот профил“.

По клик на ова поле, ќе се појави ново прозорче со следниот текст: „Дали сте сигурни дека сакате да го избришете Вашиот профил? *доколку сте сигурни дека сакате да го избришете Вашиот профил, на Вашиот е-маил со кој се имате регистриано ќе добиете е-маил порака со линк на кој треба да кликнете како би го потврдиле бришењето на профилот.“

По потврдување на полето, на Вашиот е-маил со кој се имате регистрирано, ќе стигне е-маил порака од ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ со прилог линк на кој треба да кликнете за да го потврдите бришењето на профилот. По клик на линкот, ќе Ве пренасочи на Веб страната, каде што ќе има известување дека Вашиот профил е успешно избришан. Со клик на линкот за потврда за бришење, веќе нема да имате пристап до Вашиот профил, Вашите нарачки и другите активности и нема да може да ги користите услугите кои ги нудиме за регистирани корисници.

9. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Со поврзувањето на ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје преку можноста Месинџер чет вие се согласувате дека ни давате пермисии да вршиме интеракција со вас преку Вашиот профил на социјалната мрежа со цел да ви обезбедиме соодветна помош или совет за вашите прашања и/или дилеми.

10. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на нашиот сајт. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица. 

11. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)

ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Со користењето на веб-страницата на ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го избришеме Вашиот профил доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.                                                                                                                                                                                                                                                                        

12. КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА ВО ВРСКА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да  добиете информации коишто се доставуваат при собирање на лични податоци

Ова право се остварува на начин што пред да се регистрирате сте упатени да ги прочитате и да се согласите со овие правила, во кои се наведени сите потребни информации согласно член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.

  • право на пристап на субјектот на личните податоци

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса Димитрие Чуповски бр.15 Скопје – Центар, или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: lazar.ivanov@prodelo.com.mk

  • право на исправка

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да ги исправите податоците преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Лични податоци”. Податоците се ажурираат веднаш по нивно зачувување од страна на корисникот.

Доколку сметате дека се неточни или нецелности Ваши лични податоци кои не можат да се исправат преку пристапување на секцијата “Лични податоци”, за тие податоци во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да достави барање по пошта на адреса „ Димитрие Чуповски бр.15 Скопје – Центар или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: lazar.ivanov@prodelo.com.mk. По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 15 дена.

  • право на бришење („право да се биде заборавен“)

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса Димитрие Чуповски бр.15 Скопје – Центар или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: lazar.ivanov@prodelo.com.mk. По ваквото барање ќе биде постапено во рок од 30 дена.

  • право на ограничување на обработката

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса Димитрие Чуповски бр.15 Скопје – Центар или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: lazar.ivanov@prodelo.com.mk

  • право на преносливост на податоците

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса „ Димитрие Чуповски бр.15 Скопје – Центар или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: lazar.ivanov@prodelo.com.mk

  • право на приговор

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса Димитрие Чуповски бр.15 Скопје – Центар или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: pravnik@prodelo.com.mk

Правото на приговор се однесува на обработка на личните податоци која е:

- потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот,

- потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице

- за целите на директен маркетинг, вклучително и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг

  • право да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка

Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа преку веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса Димитрие Чуповски бр.15 Скопје – Центар или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса: lazar.ivanov@prodelo.com.mk

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Ивана Војевска Стојанова, кон.тел. 076/381-640, на следниов e-mail:import@prodelo.com.mk

Со цел полесен пристап до давањето и повлекувањето на Вашата согласност за обработка, во прилог се обрасци, и тоа:
Образец 1: Образец за согласност на личните податоци 
Образец 2: Образец за повлекување на согласност на субјектот на податоците

13. ОБРАБОТУВАЧИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Со цел давање на подобри услуги за корисниците, ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ соработува со трети страни, при што во процесот на соработка, потребно е да се пренесат одредени лични податоци до овие трети страни – обработувачи.

Како обработувачи на Вашите лични податоци се јавуваат следните трговски друштва:

- Друштво за услуги ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДООЕЛ Скопје, во областа на испорака, односно достава на производите

- СЕМОС ДОО Скопје, во областа на хостинг

- КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД Скопје, во областа на плаќањето за услугите

Со сите обработувачи, ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ има склучено Договор, со кој се регулира предметот и времетраењето на обработката, природата и целта на обработката, видот на личните податоци и категориите на субјекти на личните податоци, како и обврските, одговорностите и правата на контролорот и обработувачот, согласно одредбите од членовите 32 и 33 од Законот за заштита на личните податоци.

ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ се има осигурано во техничките и организациските мерки кои ги презема секој од обработувачите со цел заштита на личните податоци.

14. КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТКА CAPTCHA 

Со цел намалување на лажни регистрации, ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ ја користи алатката reCAPTCHA, која го анализира Вашето однесување на нашата веб страница, и согласно тоа, одредува дали се работи за човек или за компјутер. Подетални информации се наведени во точка 2 од оваа политика, како и на самата форма со кликање на хиперлинковите privacy и terms како и на хиперлинковите во текстот на точка 3 во процесот на регистрација.

15. КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ ФОРМА ЗА КОНТАКТ

Со цел полесна комуникација со нас, на нашата веб страница постои веб форма за контакт, при што во формата е потребно да се внесат следните податоци: име и презиме, е-маил, наслов/прашање и порака. Со клик на полето “Испрати” Вашата порака се проследува до нас, при што добивате потврда за тоа. Доколку во пораката оставате дополнителни лични податоци се смета дека сте согласни со нивната обработка и одговарате за точноста на тие податоци.

16. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се преоценува, а по потреба менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени. Оваа политика е донесена на 15.08.2021 година. Промени во оваа политика се направени на: 25.08.2021 година.

17. КАКО ДА ГО КОНТАКТИРАТЕ ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ

За сите работи поврзани со Вашите лични податоци можете да нѐ контактирате на еден од следните начини:

- со пополнување на веб формата за контакт,

- да доставите писмено барање по пошта на адреса Димитрие Чуповски бр.15 Скопје - Центар

- да доставите барање по електронска пошта на е-маил адресата: lazar.ivanov@prodelo.com.mk

Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:

Офицер за заштита на лични податоци:
Ивана Војевска Стојанова, кон.тел. 076/381-640, e-mail:import@prodelo.com.mk


КАКО ДА ЈА КОНТАКТИРАТЕ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Агенција за заштита на личните податоци

бул.„Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје,

тел:++ 389 (2)3230 635

Е-маил: info@privacy.mk

Web: https://dzlp.mk/

  1. 1.     II   ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

Кога прв пат ќе пристапите на веб-страницата на ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје ќе добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”.

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач.

Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

Нашата веб страница користи два вида на колачиња:

  1. колачиња што се потребни за услугата, (essential cookies) односно за веб страницата да функционира, и
  2. колачиња што не се потребни за услугата, (non essential cookies) при што овие колачиња се користат за:

- зачувување на Вашите поставки (preference & functionality cookies) 

- статистички податоци (analytics & customization cookies),

- маркетинг цели (advertsing (targeting) cookies)

 

Колачиња што се потребни за услугата се задолжителни и се депонираат веднаш при посета на веб сајтот. За колачињата што не се потребни за услугата ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ обезбедува претходна согласност од корисникот откако ќе го извести, а пред да се депонира колачето. Корисникот има можност да даде согласност само за одреден вид на колачиња, при што доколку не даде согласност за одреден вид на колачиња, особено за колачињата за зачувување на Вашите поставки, одредени функционалности на нашата веб страница нема да функционираат.

ЛИСТА НА КОЛАЧИЊА

Назив на колаче 

Потребно или непотребно за услугата

Вид на колаче

Кон нас или кон трета страна

Трајно или привремено (сесија)

Рок на чување

Цел

Видови на лични податоци

ASP.NET_SessionId

Потребно

Потребно

Кон нас

Привремено

Додека трае сесијата

Отворање на сесија

обично се користи за одржување на анонимна корисничка сесија од серверот

ProsvetnoDeloPolicy

Потребно

Зачувување на Вашите поставки околу политиката на приватност

Кон нас

Привремено

повеќе години(опционално од сетинзите на самиот кориснички пребарувач)

Валидација за кога корисникот прв пат пристапува на сајтот, да се појави форма за согласност со политиките

не се чуваат никакви податоци за корисникот. Ова колаче се користи само за подобро корисничко искуство на сајтот

ProsvetnoDeloSelected

Потребно

Зачувување на Вашите поставки околу политиката на приватност

Кон нас

Привремено

повеќе години(опционално од сетинзите на самиот кориснички пребарувач)

Валидација за која корисникот избира опционално за кои колачиња  се сложува да се користат на сајтот

 не се чуваат никакви податоци за корисникот. Ова колаче се користи само за подобро корисничко искуство на сајтот

c_user

Непотребно

Непотребно

Кон трета страна(facebook)

Привремено

Додека трае сесијата

        /

        /

datr

Непотребно

Непотребно

Кон трета страна(facebook)

Привремено

Додека трае сесијата

        /

        /

dpr Непотребно Непотребно Кон трета страна(facebook) Привремено една недела од креирањето на колачето         /         /
fr Непотребно Непотребно Кон трета страна(facebook) Привремено три месеци од креирањето на колачето         /         /
locale Непотребно Непотребно Кон трета страна(facebook) Привремено една недела од креирањето на колачето         /         /
sb Непотребно Непотребно Кон трета страна(facebook) Привремено Додека трае сесијата         /         /
spin Непотребно Непотребно Кон трета страна(facebook) Привремено еден ден од креирањето на колачето         /         /
xs Непотребно Непотребно Кон трета страна(facebook) Привремено Додека трае сесијата         /         /

 

Управување со колачињата

Повеќето интернет прелистувачи Ви дозволуваат да одбиете да прифатите колачиња и да избришете колачиња. Методите за тоа се разликуваат од прелистувач до прелистувач и од верзија до верзија. Сепак, можете да добиете ажурирани информации за блокирање и бришење колачиња преку овие линкови:

(a) https://support.google.com/chrome/answer/95647?hl=en (Chrome);

(b) https://support.mozilla.org/en-US/kb/enable-and-disable-cookies-website-preferences (Firefox);

(c) http://www.opera.com/help/tutorials/security/cookies/ (Opera);

(d) https://support.microsoft.com/en-gb/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies (Internet Explorer);

(e) https://support.apple.com/kb/PH21411 (Safari); and

(f)  https://privacy.microsoft.com/en-us/windows-10-microsoft-edge-and-privacy (Edge).

Блокирањето на сите колачиња ќе има негативно влијание врз функционалноста и употребливоста на нашата веб страница.

Офицер за заштита на личните податоци

За сите информации и прашања поврзани со заштитата на Вашите лични податоци, контактирајте го нашиот Офицер за заштита на личните податоци:

Ивана Војевска Стојанова, кон.тел. 076/381-640, e-mail: import@prodelo.com.mk



Изјава за видео надзор


 Изјава за видо надзор 1
Изјава за видо надзор 2
Изјава за видо надзор 3
logofooter
  • „Димитрие Чуповски“, бр. 15, Поштенски фах 6, 1000 Скопје
  • Тел. + 389 (0) 2 3117 255;
    Факс. + (0) 2 3220 373
  • Комерција: goran.dukoski@yahoo.com

Продажни места