од 1945-та

За нас

Актуелноста – задолжителен императив

Издавачката верига на „Просветно Дело” е долга повеќе од шеесет години. Нејзините алки се нижeни со знаење, со ентузијазам, со стручност, макотрпност, истрајност, со разгранета визија за иднината, со љубов.
Како резултат на тоа, денес „Просветно Дело” е познат и реномиран издавач во земјата и надвор од неа, имајќи ризница од многубројни изданија за деца, ученици и за возрасни – изданија со врвен квалитет.
Последниве години сме препознатливи по многубројните изданија од светските брендови, меѓу кои централно место зазема брендот Дизни. Како дел од нашата библиотека се и романите од врвни светски автори, како и странската литература за деца, ученици и за возрасни.
Освен издавачката дејност, која му е приоритет на Просветно Дело, последниве години развива трговија на големо и мало, школски прибор и канцелариски материјал, станувајќи генерален застапник на многубројни светски брендови.
„Просветно Дело” не ги одминува потребите на секој нов, нареден ден. Имајќи ја актуелноста како задолжителен императив, се заложува за придонесот nа генерациите денес, а достојно ќе продолжи и во иднина!