Додади коментар

НАБИЛДАНА МЕСЕЧИНА

НАБИЛДАНА МЕСЕЧИНА

250,00 ден.
Шифра на производ: 9100523

Достапност:  залиха

Kоличина

Во кошничка

Автор - Јовица Ивановски Набилдана месечина е избор од 135 песни на авторот Јовица Ивановски, роден во 1961 година, а поетски активен веќе дваесет и пет години, со четиринаесет издадени збирки поезија и препеан на петнаесетина јазици. Речиси сите досегашни критички осврти за поезијата на Јовица се насочени кон две нејзини карактеристики. Првата е токму оваа нејзина урбаност, или тематска ситуираност во градот (сегашно Скопје) како хронотоп во кој поетот домува. Така, Богомил Ѓузел кажува дека овие стихови имаат „автентично урбан сензибилитет“, а Елизабета Шелева заклучува дека „поезијата на Јовица Ивановски е плод на една континуирана урбана прељуба со еден простор“. Оливера Ќорвезироска за оваа скопска вдоменост вели дека „песните на Јовица Ивановски... се одамнешни жители на Скопје“, а Влатко Галевски вели дека „поезијата на Јовица е како првиот стихуван музеј на поразите на еден град, на неговите жители“. Втората одлика на оваа поезија, која се чини дека им запнува в очи на критичарите е она што Душко Крстевски го нарекува „метонимиски“ стил на пишување, т.е. наративен, раскажувачки, дури и епски, наспроти „метафоричниот“, т.е. лирскиот, во голем дел апстрактен стил). Сите критичари овие две работи ги дефинираат не само како констатирани одлики на севкупниот опус на Јовица, туку (или пред сè) и како суштински квалитети кои оваа поезија ја одделуваат од голем дел на современата македонска поетска продукција. Овој избор е значаен затоа што излегува токму во годината која за авторот е јубилејна – четврт век од неговото творештво.

Издавач

Просветно Дело

Повез

Мек повез

Останати производи од оваа група

Во кошничка

300,00 ден.
Во кошничка

200,00 ден.
Во кошничка

200,00 ден.
Во кошничка

100,00 ден.
Во кошничка

250,00 ден.

Прегледани производи

logofooter
  • „Димитрие Чуповски“, бр. 15, Поштенски фах 6, 1000 Скопје
  • Тел. + 389 (0) 2 3117 255;
    Факс. + (0) 2 3220 373
  • Комерција: goran.dukoski@yahoo.com

Продажни места