од 1945-та

Промоција

ЕДИЦИЈА - ХРОНО ГОТВАЧИ

Ана Чубела
ХРОНО КУJНА
Хроно режимот на исхрана направи вистинска револуциjа во исхраната на луѓето ширум светот. За разлика од многуброjните диети кои се засноваат на секакви откажувања, кои наjчесто се мачни и нималку безопасни по здравjето, оваа исхрана не бара никакви жртви: и понатаму ќе може да ги jадете омилените jадења, само ќе научите како да ги конципирате и кога да ги конзумирате. А кога еднаш ќе преминете на хроно, веќе нама да сакате да се храните на друг начин и траjно ќе уживате во благодетите на овоj режим. Со основните упатства за почетниците, но и корисни совети за оние кои се веќе на хроно, во овоj готвач ќе пронаjдете интересни идеи за секоj оброк во текот на денот. Но тука е и посебното поглавjе за празничната трпеза, кое ќе ви открие како да подготвите вистинска гозба за вашите прослави - и сето тоа на хроно начин. Почнете веднаш: уживаjте во вкусните jадења и израдуваjте го вашето тело со здрав начин на исхрана!

МИРИСОТ НА НЕБОТО - ИСИДОРА БЈЕЛИЦА

Бидејќи добрата пријателка В. ја довела во Ница да се одмори од безбројните терапии и да го прослави роденденот, Исидора уште првиот ден оди во продавницата на Шанел, да помине еден час со чаша шампањско во својата омилена забава: разгледување на новата колекција. И тогаш ја здогледува неа... Таа не само што ќе и` ја открие шокантната вистина за Коко Шанел туку, пред се`, ќе ја поведе на духовно патуваwе за самооткриваwе кое ќе и` донесе сознание, љубов и емотивно олеснување, како и разделба со сопствените предрасуди и заблуди. Но која е оваа мистериозна дама? ПО СТАПКИТЕ НА ПАУЛО КОЕЉО, МАЈСТОРОТ НА КНИЖЕВНИТЕ ПАРАБОЛИ ЗА ЧОВЕКОВАТА ДУХОВНА ПОТРАГА, ИСИДОРА БЈЕЛИЦА НАПИШАЛА ФАСЦИНАНТНА ПРИКАЗНА, ИСТОВРЕМЕНО ЗАБАВНА И ПОТРЕСНА, КОЈА ПОТТИКНУВА НА РАЗМИСЛУВАЊЕ И ПРОСВЕТЛУВАЊЕ.

Маж в грло - Ведрана Рудан

Единаесетата книга и воедно седми роман на Ведрана Рудан, Маж в грло ја претставува оваа провокативна писателка во најзрелото издание досега. Низ односот на главната хероина со неколку различни мажи, Ведрана Рудан во најновото дело без влакна на јазикот отвора неколку тематски оквири кои во својата проза порано не ги допираше. Под појавниот, надворешен наративен слој лесно избива горчливиот впечаток за неможноста за комуникација, за потешкотиите на кои наидуваме во најстојувањето да го достигнеме идеалот на вистинската блискост меѓу двајца луѓе, за тоа како дури и во најблиските врски кои во животот ќе успееме да ги оствариме сепак сме осудени на тоа до крајот да останеме заробени во самите себе. Нарацијата е брза, духовите, луцидна; дејството во романот е и тажно и смешно. Станува збор за оние книги кои не ви дозволуваат да ги испуштите од раце и кои на различни начини ќе ве доведат до солзи.

ЗБОРУВАТЕ ЛИ МАКЕДОНСКИ

е почетен курс за македонски јазик за странци. Целта на курсот е да ги доведе изучувачите до едно ниво на кое тие слободно и со самодоверба ќе можат да го употребуваат македоснкиот јазик во секојдневната комуникација. Ги опфаќа нивоата А1, А2 и Б1.

АВАНТУРА СО ВЕЛИГДЕНСКОТО ЗАЈАЧЕ

Придружи му се на Велигденското Зајаче во неговата авантура да го пронајде пријателот кој ќе може да ја поправи машината за правење велигденски јајца. Машината се расипа, велигденските јајца немаат правилна форма, а Зајачето мора да стигне навреме за Велигден. Ќе најде ли помош навреме? Откријте во оваа возбудлива 3Д сликовница!

НОВИ НАСЛОВИ ОД СЕРИЈАЛОТ НА АГАТА МИСТЕРИ

Во книжарниците на ПРОСВЕТНО ДЕЛО можете да ги најдете најновите 4 наслови од серијалот АГАТА МИСТЕРИ. Овие бестселери за деца досега се продадени во над 900 000 примероци ширум светот.

Нови лиценцирани изданија со ликовите на Дора, Сунѓерот Боб, Нинџа желките и Кученцата во патрола.

ЗБИРКИ ЗАДАЧИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА 7,8 и 9 одделение.

Во овие изданија на ПРОСВЕТНО ДЕЛО се вклучени задачи по математика изготвени во согласност со адаптираната наставна програма усвоена од Бирото за развој на образованието, а преземена од Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examinations), по предметот математика за 7,8 и 9 одделение од деветгодишното образование. Збирките задачи по математика претставуваат корисни алатки, кои со практични примери и задачи ќе ви помогнат за усвојување, продлабочување и проверка на знаењето.

БОН ТОН ЗА ДЕЦА

Оваа книга е наменета за најмладите читатели кои сакаат да изградат социјална детска заедница. Имаат потреба за знаење и разбирање за светот, природата и човекот. Поседуваат внатрешен порив да ја осознаат сопствената култура, другите светски култури, да воспостават пошироки социјални контакти и да креираат отворена заедница. Занималната претставува микро-космос во кој се развиваат значајни вештини за животот. Преку структурирање на бонтон, грациозност и љубезност, децата практикуваат да воспостават комуникација базирана на почит. На воспитно-образовниот кадар му се дава можност да набљудува како децата воспоставуваат интеракција со одредени објекти и другите деца и како одговараат на воспоставената интеракција. Бонтонот е значаен дел од воспитувањето на децата и интегриран дел од курикулумот, бидејќи овозможува креирање на култура, на хармонија, толеранција и одговорност.

ИГРАВ ЈАС, СЕГА ИГРАЈ ТИ

Во време на компјутерска технологија, телевизија, интернет, видео игри, социјални мрежи, се прашуваме: каде играат децата? Играат во градинка, играат понекогаш, но ретко во маалото, на улицата. Но дали знаат да играат? Кои и какви игри знаат да играат нашите деца? Дали ние како возрасни ги поучуваме и ги запознаваме со она што е наша вековна традиција со играњето, со игрите? Од каде да добиеме сознанија за играта? Токму книгата „ИГРАВ ЈАС, СЕГА ИГРАЈ ТИ“ каталог на дидактички игри - е идеален прирачник кој ќе придонесе за збогатување на сознанијата за дидактичката вредност на играта, но истовремено е и добра можност за запознавање, потсетување на она што се играло, се игра и ќе се игра, ќе го поттикне детското во нас. ПОДАРОК: прирачник СЛУШНИ, ПЕЈ, ИГРАЈ... - традиционални игри со нотни записи.

НОВО!

Едиција од пет наслови безвременски приказни за сите оние кои почнуваат да читаат, знаат да читаат или пак, читаат со задоволство.

Во продажба!

101 податок што треба да го знаеш за... е едиција од 13 мини-енцикопедии кои се корисно четиво за вљубениците во науката, спортовите, историјата, но и за оние кои сакат да дознаат нешто повеќе за пиратите, волшебниците и воините.

Во продажба!

Звучна енциклопедија за диносауруси со електронски молив со кој се обележува точниот одговор на некој од фактите поврзани со овие фасцинантни животни.

Во продажба!

Креативна боенка за возрасни за сите оние на кои боењето им носи релаксација.

Во продажба!

Голема енциклопедија за диносаурусите со многу факти и со повеќе од 50 неверојатни звуци.

Волшебна Нова година

најубавиот новогодишен подарок

Звучни сликовници Јас зборувам англиски и Речник со моите први 150 англиски зборови со по 27 звучни прозорчиња.

Изучувањето на англискиот јазик никогаш не било позабавно: притисни, слушни, повтори!

Најубавите бајки од Андерсен

Експерименти со младиот Леонардо

Водич со многу неверојатни експерименти и занимливости за изумите на Леонардо да Винчи. Вистински прирачник за млади научници.

Малиот полицаец и Малиот доктор

Долгоочекуваната звучна сликовница Малиот полицаец, веќе е во продажба заедно со второто издание на еден од најголемите хитови во издание на Просветно дело - Малиот доктор.

Мојата куќа и Возила за помош и спасување

две извонредни книги со прозорчиња кои по принципот отвори-затвори ќе им овозможат на децата да учат и да се забавуваат.

Најубавите и најпознати басни на едно место
во МОЈАТА ГОЛЕМА КНИГА СО БАСНИ!

НЕ ПЛАШИ СЕ ОД ДОКТОРОТ

Звучна сликовница - ПРВИ ЗБОРОВИ

Најубавите безвременски приказни

ИСТОРИЈА НА АНТИЧКИОТ СВЕТ

Учам англиски низ игра со...

Палата за принцези

Сликовници со најубавите
12 безвременски бајки

Наскоро!
Едиција СВЕТОТ НА ЗВУЦИТЕ

ДИДАКТИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ
ЗА МАТЕМАТИКА од 1 до 6 одделение

МАТЕМАТИКА низ игра и забава

Изданијата "МАТЕМАТИКА низ игра и забава" за прво, второ и трето одделение се наменети за ученици од раноучилишна возраст на основното образование, а изработени се според адаптираните наставни програми од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examination Centre).Понудените активностите се приспособени на спецификите на возраста за која се наменети. Осмислени се за самостојна работа на ученикот, овозможуваат полесно остварување на целите за учење, а ги развиваат и логичко-математичките вештини и способности на децата.

Ново!

Мини-биографии на некои од најзначајните личности во историјата: Волфганг Амадеус Моцарт, Исак Њутн, Мајка Тереза и Марко Поло. Задолжително четиво во секоја библиотека!

НОВО!
Решени задачи од матура по математика

Оваа книга е збирка на решени задачи од државната матура по предметот математика. Дадени се решенијата на задачите во јунскиот и августовскиот рок во 2013, 2014 и 2015 година. Збирката содржи вкупно 240 решени задачи.

ДРВО НА ЖИВОТОТ

По раѓањето на ќерката која Катерина Молнар премногу ја посакува, се соочува со фактот дека нејзиниот брак со Борис е пред распаѓање. Во Клиничкиот центар, Дамјан Видак лежи на Интензивна нега со дијагноза за тешка болест и со неизвесни прогнози. Во едно снежно попладне кога е осамена, Катарина на Фејсбук ќе го пронајде токму Дамјан, стар познајник во драматично нови околности. Нивните судбини неочекувано ќе се спојат во приказна за љубовта кога не е време, во приказна за храброста, соочувајќи се со слабостите и стравовите, во приказна за страста, животните дилеми и одлуките кои мора да се донесат: Да се остане или да се замине? Да се направи она што е „правилно“ или среќата да се зграби со две раце?

Да се љуби и да се умре на Карибите

„Да се љуби и да се умре на Карибите“ е втора книга од Бјелица во издание на „Просветно дело“, по објавувањето на нејзиниот роман „Сама“. Оваа збирка раскази не е само приказна за скриениот раj, тоа е книга во коjа потсвеста на авторката, нејзиното скриено jас, пишува за себе, за болеста, за стравот, за краjот на животот многу години пред тоа навистина да се случи.

Зошто пцуjам

Зошто пцуjам на хрватската писателка Ведрана Рудан е збирка текстови обjавувани последниве неколку години на неjзиниот блог на веб-страниcата www.rudan.info Во книгата се застапени текстови на неjзините омилени теми: Зошто служат жените, Зошто служат мажите, Зошто служат децата, Зошто служи Хрватска, Зошто служи животот, напишани онака како само Ведрана пишува: остро, директно и духовито. Дека пцоста е книжевна постапка, знаеме од многуброjни примери во историjата на светската книжевност. Ведрана Рудан ни покажува дека е подеднакво ефикасна и вознемирувачка и особено релевантна во овоj социоекономски и историско-политички контекст во коj живееме.

КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА

ЗБИРКА ЗАДАЧИ ПО МАТЕМАТИКА. Во овие изданија се вклучени активности во согласност со адаптираната наставна програма усвоена од Бирото за развој на образованието, а преземена од Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examinations), по предметот Математика за IV, V и VI одделение за деветгодишно основно образование. Креативната работилница претставува корисна алатка, која со практични примери ќе ви помогне за усвојување, продлабочување и проверка на знаењето.

ЕДИЦИЈА - ЦРТАМЕ ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

НАУЧИ ДА ЦРТАШ ВО ШЕСТ ЕДНОСТАВНИ ЧЕКОРИ!

МАРСОВЕЦОТ

Светскиот бестселер Марсовецот, на кој е базиран истоимениот филм номиниран за седум Оскари, деновиве на македонски го објави издавачката куќа Просветно дело.

НОВО! УЧИМЕ АНГЛИСКИ - ИГРИ И АКТИВНОСТИ

Класични бајки и интересни приказни за животните употребени како метод за учење на првите зборови на англиски јазик. Четиво кое родителите ќе можат да го споделат со нивните деца. Помагало со кое возрасните ќе можат да ја подобрат својата поврзаност со нивните малечки и да го зајакнат чувството на самодоверба кај децата.

angliski

Сама

Ме обзеде страшна, морничава паника, која оди до длабочината на коските, дека с¢ ова заедно нема никаква смисла и дека јас тоа нема никогаш да го откријам. Дека сиот живот ќе го поминам погрешно... Возбудлива исповед на Исидора Бјелица за делот од нејзиниот живот за кој досега никој ништо не знаеше. Овој автобиографски роман истовремено е филозофска приказна за трагањето по љубовта и смислата. Хероината на романот Сама, талка по светот, оди до Мексико во потрага по клучното разбирање на нашето битие и смисла, незнаејќи дека одговорот се наоѓа во нејзиното срце... И кога многу години подоцна ќе се соочи со последното беспаќе, кога ќе помисли дека сите ја напуштиле и дека останала сама, ќе сфати дека патот до срцето на саканиот води низ сопственото срце. На оваа планета сме само од една причина: ДА НАУЧИМЕ ДА САКАМЕ.

sama

НОВА КНИЖАРНИЦА!!!

Нова книжарница на Просветно дело во Кисела вода.Промотивен попуст на целиот асортиман од 15%.

празници :)

ЗА ПОВЕСЕЛИ ПРАЗНИЦИ!

Едукативни новогодишни боенки со специјални додатоци.

празници :)

НОВО!

mia